top of page
Screen Shot 2022-03-08 at 14_edited.jpg

ИМАТЕ ПОТРЕБА ОД САЛА ЗА
НАСТАНИ И СОСТАНОЦИ?

skopje event venue.webp

Секој проект започнува и завршува во сала за состаноци. Организиран и инспиративен работен простор е еден од клучните елементи за ефикасна корпоративна култура. Соберете го вашиот тим или закажете состанок со вашите клиенти во смарт салата на ЛинкАкрос Центарот за развој. 

Работете со флексибилни услови, имајќи ја слободата да го користите нашиот простор тогаш кога вам ви е потребно – еднаш неделно или неколку пати месечно, без грижа околу плаќање на кирија, режии, или одржување хигиена на просторот.

Како можете да го користите просторот?

Деловни и тимски состаноци

Ви треба тивок простор за деловен состанок? Работите од дома, но имате потреба Bашиот тим да работи заедно на одреден проект? Професионалниот и комфорен амбиент на нашиот Центар може да биде идеално место за поефективно извршување одредени задачи во текот на траење на проектот.

сала за деловни и тимски состаноци

Работилници и обуки

сала за работилници и обуки

Планирате работилница, семинар или обука? Нашиот Центар располага со капацитет на седење до 20 учесници, со можност на вклучување на повеќе учесници што не можат да присуствуваат или се надвор од Скопје преку онлајн платформа. Распоредот на масите и столиците е според вашите потреби.

Промоции и посебни настани

Соберете ги вашите партнери или потенцијални клиенти на едно место и презентирајте ги вашите нови производи или услуги. Ако дел од вашите клиенти се во странство, хибриден настан може да биде оптимално решение за успешно воспоставување на новите партнерства.

сала за промоции и посебни настани

Што сѐ добивате?

Линк Акрос Центарот располага со:

  • смарт салата има капацитет на седење до 40 гости

  • сала, лоби, кујна, тераса и 2 тоалети, 170m2  

  • мирно место лоцирано во населба Тафталиџе, Скопје

  • лесна пристапност и достапни паркинг места во близина

  • бројни ресторани и опции за кетеринг во околината 

  • отворен простор во индустриски стил

  • брз оптички интернет (200mbps/200mbps)

  • професионално озвучување и веб камери

  • можност за on-site и online присуство

  • бесплатно вкусно кафе

Еднократни пакети

основни пакети (5).png
3.jpg
Пакети

*Ако имате потреба од дополнителни услуги или пакети, слободно контактирајте не'.

Доколку ви се потребни видео или фотографски услуги за вашиот настан, контактирајте ја ЛинкАкрос видео продукцуја на www.videoprodukcija.mk

bottom of page