top of page

Флексибилна канцеларија како неизоставен дел од стратегијата на работното место (втор дел)

Како се споредуваат флексибилниот канцелариски простор и традиционалната канцеларија


Кога ги гледаме перформансите на вработените кои работат во флексибилни канцеларии наспроти во канцеларијата на нивната компанија, гледаме некои клучни разлики.


● И двата типа простори им овозможуваат на вработените да ја вршат својата работа најдобро што можат, да бидат фокусирани и да се поврзат со другите.

● Традиционалната канцеларија е преферираното место бидејќи овозможува пристап до вид на простор кој им е потребен на вработените за да ја завршат својата работа. Тоа е местото каде вработените се чувствуваат најмотивирани и каде нивното внимание е повеќе насочено кон работата - барем во споредба со флексибилниот канцелариски простор.

●Од друга страна, флексибилниот канцелариски простор има повисоки оценки од традиционалните канцеларии кога станува збор за вистинското место за продуктивна соработка и подгање на нивото на енергија кај вработените.


Имањето флексибилен канцелариски простор како дел од екосистемот на работното место повеќе оди во прилог кон хибридниот работен модел отколку оној што користи исклучиво работа на далечина и традиционална канцеларија. Со флексибилна канцеларија, организациите можат да видат подобрување во соработка и енергија на вработените, додека нивото на продуктивност, поврзаност и фокусот на вработените во голема мера остануваат на исти како во традиционалната канцеларија.


Дополнително, флексибилната канцеларија им овозможува на вработените да избегнат долги и скапи патувања, што е главна причина зошто тие не сакаат да се вратат во традиционалната канцеларија.


Вработените кои користат флексибилен канцелариски простор сакаат повеќе да го користат


Вработените кои користат флексибилен канцелариски простор сакаат да го зголемат неговото искористување до половина од нивниот работен ден и да го намалат работното време поминато во работа од далечина.

На прашањето каде моментално ја поминуваат својата работна недела, корисниците на WeWork канцеларии рекоа дека во просек поминуваат околу 40% од својата недела во флексибилна канцеларија (WeWork простор), околу 55% ​​од своето време дома и остатокот од своето време на други места.


На прашањето каде би сакале да го поминуваат своето време во иднина, испитаниците велат дека сакаат да работат во флексибилен канцелариски простор околу 50% од неделата и да го намалат времето дома на околу 45%, што е намалување за 19% од нивното време.


Причината зошто вработените сакаат да поминуваат повеќе време во флексибилни канцеларии можеби е затоа што им нуди она што не го овозможува работа од далечина - способност да воспостават човечки врски, полесно да се дружат и соработуваат и да се чувствуваат повеќе поврзани со нивните компании.


Зошто вработените веројатно ќе препорачаат флексибилен канцелариски простор?


Главните причини поради кои луѓето сакаат да работат во флексибилна канцеларија е за да се дружат и да се поврзат со другите. Но, што ако погледнеме подлабоко? Користивме регресивна анализа - статистички метод за да одредиме кои променливи имаат најголемо влијание врз исходот од интерес - за да откриеме кои аспекти на флексибилниот канцелариски простор (во овој случај просторот WeWork) имаат најголемо влијание врз лојалноста и задоволството на вработените.


Анализата на регресија ни помага да разбереме што во врска со флексибилниот канцелариски простор ги прави вработените повеќе или помалку склони да се вратат во флексибилен канцелариски простор и, што е најважно, да им го препорачаат на другите. Исходот што го анализиравме беше веројатноста за препорака на флексибилен канцелариски простор - стандардна мерка за задоволство и лојалност на клиентите.


Подолу ги прикажуваме главните фактори кои влијаат на веројатноста вработениот да го препорача флексибилниот канцелариски простор како добро место за работа. Овие фактори се од клучно значење за корисниците да ги земат в предвид кога избираат провајдер на флексибилен канцелариски простор, но и флексибилните канцелариски провајдери да ги земат предвид за да привлечат нови клиенти.


● Ако флексибилниот канцелариски простор се чувствува како продолжение на канцелариската култура на нивната компанија, вработените велат дека е поверојатно да го препорачаат истиот на другите. Ова сугерира дека ако една организација може да ја оживее својата култура во флексибилна канцелариска локација, флексибилниот канцелариски простор може да биде витална компонента на вкупниот канцелариски екосистем.

●Дополнително, поверојатно е вработените да препорачаат флексибилен канцелариски простор доколку чувствуваат дека истиот нуди и соодветна технологија и добар простор за соработка. Ова е одраз на други повратни информации од анкетата што укажува на тоа дека вработените го гледаат флексибилниот канцелариски простор како важна дестинација за соработка.

●Голема е веројатноста вработените да препорачаат флексибилен канцелариски простор доколку истиот го доживуваат како место каде може полесно да се фокусираат на работата.

● За крај, поверојатно е дека вработените ќе препорачаат флексибилен канцелариски простор, доколку истиот ја поддржува нивната благосостојба и ги инспирира.


Врз основа на овие информации, може да заклучиме дека компаниите кои избираат флекс провајдери кои ги исполнуваат некои од овие, или сите критериуми, веројатно ќе видат високо ниво на лојалност и задоволство кај нивните вработени кои го посетуваат просторот. Тоа значи дека секое планирање на работното место во флексибилен канцелариски простор треба однапред да ги процени овие критериуми и да се осигура дека истиот ги задоволува потребите и очекувањата на вработените.


Без оглед на индустријата, флексибилниот канцелариски простор овозможува најдобра работа


Општо земено, во повеќето видови индустрија, огромното мнозинство од испитаниците во истражувањето се согласуваат дека флексибилниот канцелариски простор им овозможува најдобро да ја завршат својата работа. Во повеќето индустрии, најмалку 70% вработени се согласуваат со чувството дека ваков вид на простор овозможува одлично работење (76% вработени во индустрија за професионални услуги).


Врз основа на овие податоци, организациите и компаниите треба да се чувствуваат уверени дека флексибилните канцелариски локации можат да бидат дел од разновиден канцелариски екосистем кој ја поддржува флексибилноста на вработените и силните перформанси на вработените.


Да заклучиме

Ако работодавачите и вработените научија нешто за време на глобалната пандемија, тоа е дека работата може ефективно да се изведува во простор надвор од традиционалната канцеларија. После искуството со пандемијата вработените се почесто бараат поголем избор во работна средина. Бизнисите докажаа дека не само што можат да преживеат туку можат и да напредуваат со дисперзирана канцелариска работна сила.


Превземено од Cushman & Wakefield и WeWork




тагови


3 views0 comments
bottom of page