Зошто на Вашиот Тим му е Потребен Заеднички Канцелариски Простор?

Updated: May 31



Во екот на пандемијата, работењето од дома не беше луксуз туку неопходност за многу компании. Со намалување на влијанието на пандемијата, низ целиот свет па така и во Македонија голем дел од безбедносните мерки почнаа да се укинуваат. Вработените почнаа да се враќаат на своите работни места. Многумина од луѓето кои минативе 2 години работеа од дома, велат дека веќе се уморни од работење од дома.


Заради изолација од општествените случувања речиси нема ниту една земја што не бележи пораст во проблемите поврзани со менталното здравје. Студијата на ЦДЦ покажа дека процентот на популацијата што пријавила дека се чувствува депресивно се зголемил за четири пати.


И кај нас во Македонија еден од најнегативните аспекти од работењето од дома се покажа дека е недостиг на социјална интеракција. Иако се поголем број вработени во Македонија се враќа назад во „канцеларија“, одредени индустрии одлучија да го користат хибридниот модел или пак нивните вработени работат од дома.


Еден од ефективните начини на кој компаниите можат да го решат овој проблем е преку привремено изнајмување на coworking простор во Скопје, достапен за сите вработени.


Еве 5 бенефити кои вашата компанија би ги добила ако редовно изнајмувате coworking простор за вашиот тим.


Зголемена Продуктивност


За некои луѓе, или пак, за одредени работни задачи, работењето од дома претставува голем предизвик. Луѓето се справуваат со недостиг на мотивација, што потоа влијае врз нивната продуктивност. Присутност на други колеги во иста канцеларија може да биде поттик и мотивација за вработените да работат поефикасно и да ги почитуваат роковите за нивниот проект.


Докажано е дека професионалната работна средина има влијание врз перцепцијата и продуктивноста на вработените. Во статијата од јануари 2019 во Forbes пишува дека: „Квалитетниот дизајн на работниот простор води до помалку стресна и попродуктивна атмосфера“.


Овозможете им на вашите вработени да работат во атмосфера што ќе им помогне во извршување на работните задачи преку изнајмување на заеднички канцелариски простор.


Огромни заштеди за кирија и без режиски трошоци


Флексибилни услови за изнајмување опфаќаат флексибилна временска рамка. А исто така и огромни заштеди. На пример, една компанија може да го изнајми одреден простор два пати неделно во термин што ќе одговара на нивните потреби. Овој вид на наем ги вклучува сите режиски трошоци, одржување на хигиена на просторот и кафе паузи.


Во Македонија, побарувачката за ваков вид на изнајмување сеуште не е распространет. Меѓутоа, агилните, иновативни компании веќе ја користат оваа стратегија за работа. На тој начин, постигнуваат одличен баланс меѓу работата од дома и работењето во канцеларија, а притоа остваруваат заштеди од илјадници евра секој месец.


Освежување на Посветеноста на Тимот


Повремено менување на вашата работна средина - помеѓу работа од дома и престој во канцеларија - може да го зголеми вашиот ентузијазам да ги завршите проектите во дадените рокови. Кога мотивацијата и работната етика на еден тим почнува да опаѓа, време е тимот да се собере на иста локација. Ова ќе биде корисно и за вработените и за компанијата.


Локација е исклучително важна кога вашиот тим треба да одржи состанок или кога сака да презентира нов производ на потенцијален клиент. Секогаш кога бирате локација за вашите активности имајте во предвид каква е репутација на самата локација.


Изборот на флексибилен канцелариски простор за изнајмување на урбана локација овозможува лесна пристапност за вработените или клиентите кои патуваат од различни делови од градот или приградски населби. Достапен паркинг, јавен превоз и велосипедска патека се важни компоненти во равенката кога се одлучувате за локацијата.


Состаноци Лице во Лице


Состаноци со деловни клиенти на физичка локација им овозможува на вашите вработени да ги усовршат или да ги „извадат од нафталин“ некои од комуникациските вештини кои можеби собирале прашина во текот на пандемијата.


За некои вработени, Zoom состаноците веќе им се преку глава. Состаноци лице в лице овозможуваат подлабока интеракција во однос на виртуелните состаноци. Во статијата на Harvard Business Review пишува дека најважната активност што се случува во една канцеларија е интеракција лице в лице.


Разговорите течат многу подобро кога сите се во иста просторија и можат појасно да ги толкуваат изразите на лицето и говорот на телото на другите луѓе. Имајќи предвид дека преку 80% од комуникација се заснова на невербални знаци, интеракциите лице в лице се од витално значење за успешни деловни состаноци и воспоставување нови партнерства.


Закажете состанок лице в лице и овозможете им на сите присутни да се поврзат и да создадат силни професионални врски.


Поттик за Иновативност


Вашиот тим е вашата иднина. Компанијата која не вложува во својот тим ќе има неизвесна иднина, што ќе се одрази и на резултатите и на профитот. Во услови на пандемија, кога голем дел тимови работеа од дома, на најголем удар беа иновативноста и поврзаноста помеѓу вработените.


Зависно од вашата индустрија, некои компании не смеат да си дозволат иновативноста да опадне. Статијата од HBR (Harvard Business Review) објаснува како големите компании ја разбираат оваа тесна врска помеѓу личните интеракции, постигнувања и иновација. Директор за човечките ресурси во Yahoo дури ги укина сите привилегии за работа од далечина, со тезата на директорот за човечките ресурси дека „некои од најдобрите одлуки и сознанија доаѓаат од муабетите во ходникот или кафетерија“.


Создавање услови за градење на подлабоки врски и доверба помеѓу тимот е одговорноста на компаниите. Поврзаноста на еден тим може да се изгради преку заеднички проекти или настани – на иста локација. Така ќе се создадат и услови за градење на иновативност.


Заклучок


Редовното собирање на тимот на една иста локација е предуслов за раст. Ќе растат мотивацијата, продуктинвоста и иновативноста. Истовремено, трошоците за кирија и режии ќе се намалат значително.


Користењето на заеднички coworking простор е одлично решение за секоја компанија што сака да му помогне на својот тим да има поголема мотивација, што потоа ќе влијае на зголемена продуктивност. Ако вработените се мотивирани тие ќе бидат и посветени на организацијата и ќе имаат повисока работна етика. Овие компоненти се добар темел за подобра комуникација и иновативност.


ЛинкАкрос Центар за Развој во Скопје е идеално место за одржување тимски состаноци, обуки, или пак team building активности. Професионално опремениот канцелариски простор нуди комфор за тим до 30 вработени. Просторот може да го изнајмите на 2, 4 или 8 часа, еднаш или повеќе пати во неделата. Така, тимовите кои имаат потреба од простор за работа или состаноци може да го користат овој простор во потполна дискреција.


ЛинкАкрос Центар за Развој е сместен на лесно пристапна локација во една од централните општини, Општина Карпош, на 50 метри од велосипедската патека, автобуската постојка, и со неколку достапни паркинзи во непосредна близина.


Посетете ја страната на Центар за Развој и дознајте повеќе детали за тоа како може да ја искористите нашата сала за состаноци за вашиот следен настан.


28 views