Топ 5 Фактори при Изборот на Заеднички Канцелариски Простор во Скопје

Updated: May 31

Начинот на кој што работиме во пост-ковид услови сѐ уште се менува. Вработените покажуваат се поголем интерес за флексибилно работно време и хибридни модели на работа. Во движењето кон ова ново, мобилно деловно опкружување, вработените се повеќе сакаат слобода сами да си го организираат работното време и да работат таму каде ќе бидат најпродуктивни.


Во светски рамки, флексибилни заеднички канцелариски простори кои нудат флексибилен пристап привлечни се за сите вработени чии животи не се вклопуваат во распореди од 9 до 5. Исто така, овој тип на простори се повеќе се појавуваат како опција во различни делови од градот, намалувајќи го времето потребно за патување кон и од работното место.


Каква е ситуација кај нас во Скопје? Иако овој концепт на coworking не е развиен како кај другите поголеми метрополи, и Скопје бележи раст во понудата на флексибилни заеднички канцелариски простор или таканаречен coworking.


Кои се тие клучните елементи што еден coworking простор треба да ги има?

За сите што бараат флексибилни заеднички простор, ќе зборуваме за 5 главни фактори што треба да ги земете во предвид при изборот на заедничка канцеларија или coworking простор. Се надеваме дека ова ќе ви биде од корист и дека ќе избегнете можни недоразбирања со потенцијални провајдери на канцелариски простор.

Топ 5 фактори при изнајмување на канцелариски простор во Скопје, Работа од Дома или Работа од Канцеларија, центар за развој скопје, изнајмување на простор, изнајумвање на канцеларија, настани


Локација и Пристап до Јавни Објекти


Старата поговорка „локацијата е сè кога станува збор за имотот“ треба да се земе во предвид кога изнајмувате канцеларии или простор за состаноци, на ист начин како и за позиционирање на продавница или резиденција. Канцеларијата на „добар“ или „престижен“ локалитет автоматски создава поинаква перцепција во очите на потенцијалните вработени, клиенти и инвеститори.


Освен важноста на перцепција, една од клучните компоненти што треба да се земе во предвид е пристапот до јавниот превоз и други објекти како што се трговски центри, ресторани и други правни субјекти. Во главниот град, каде што сообраќајот е секогаш главна причина за доцнење, пристапот до јавен превоз или до велосипедска патека за вработените, па дури и за клиентите, можат да бидат од непроценлива важност.


Згора на тоа, идејата за рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот добива на сила посебно помеѓу вработените во канцеларија, и секоја заштеда на време за нив ќе биде бесценета. Затоа, можноста за исполнување на некои од личните потреби на вработените е исклучително вредна.


ЛинкАкрос Центар за развој е едно такво место во Скопје кое нуди погодности токму за компании кои имаат потреба од дополнителен професионален простор/сала за состаноци и настани. Лоцирани сме во Тафталиџе, мирна наслеба, со пристапност до Партизанска, една од главните сообраќајници во Скопје. Достапни паркинг места во непосредна близина се од голема полза за сите што доаѓаат на работа со автомобил. Од друга страна, за сите тие што користат јавен превоз или велосипед, автобуската постојка и велосипедската патека се наоѓаат на само 50 метри.


Топ 5 фактори, Работа од Дома или Работа од Канцеларија, центар за развој скопје, изнајмување на простор, изнајумвање на канцеларија, настани


Трошоци за Изнајмување и Скриени Трошоци


Цените на комерцијалните недвижнини постојано растат. Купување на недвижнина за бизнис или изнајмување на комерцијален простор стануваат екстремно скапи. Додадете на ова плејадата скриени давачки за изнајмување што не се презентираат однапред. Бројките што треба да ги обезбедите за оперативните трошоци ќе бидат надвор од очекуваното.


Кога избирате заедничка канцеларија или простор за работа, внимавајте да не бидете заведени гледајќи само и единствено на цифрата за закуп (напишана со големи букви). Барајте објаснување и за пропратните, а неспомнати трошоци. Ова е клучно за транспарентноста кај месечна или неделна наплата. Некои канцелариски сопственици додаваат дополнителни трошоци за користење на Интернет, електрична енергија или чајната кујна кои често се занемаруваат.


Тоа што вас ве интересира е точниот вкупен износ што ќе го плаќате како кирија за канцеларија. Ако воопшто има некакви варијабилни трошоци, тие нека ви бидат наведени јасно, за да не дојдете во ситуација висината на овие трошоци да ве шокира.



Флексибилен Договор за Закуп


Дали договорот за закуп на канцелариски простор е флексибилен? На пример, дали просторот може да го изнајмите на 4 часа дневно или цел работен ден? Во однос на распоредот на мебелот, дали може да побарате разместување што Вам ќе ви одговара? Колкава слобода има вашата компанија просторот да го прилагоди за да ги одразува вашите деловни потреби и вашата единствена организациска култура? Можете ли да работите после 17 часот, или треба да се придржувате до фиксното време за почеток и затворање?


Пред да го финализирате договорот за изнајмување, истражете дали ја имате потребната флексибилност да ги извршувате вашите деловни активности непречено и беспрекорно.

Квалитетот на Просторот, Удобност и Искористивост


Не ја потценувајте важноста на изгледот на канцеларијата во создавањето ефикасна и продуктивна организација. Изгедот на работниот простор има директно влијание врз моралот на персоналот.


Проверете ги сите достапни капацитети и нивниот квалитет: маси и столови, осветлување, вентилација, климатизација, интернет конекција, чајна кујна, тоалети, и тн. Добро поставен канцелариски простор треба да биде едноставен за користење, со сета опрема и технологија што ви е потребна за работењето.


Кога станува збор за класичен coworking простор, каде што работат повеќе луѓе од различни индустрии и компании, резервирање на терминот за користење сала за состаноци или конференции треба да биде системски решено. Ова ќе намали фрустрации кај различни корисници. Системот треба да е лесен за користење, јасен и транспарентен.



Грижа за Клиентите


Последно, но не и најмалку важно, проценете го нивото и квалитетот на грижа за клиентите и поддршката која ви ја нуди coworking центарот. Ова ќе ви биде добра почетна точка – дали се љубезни и срдечни?


Кога имате прашања, дали добивате навремени и детални одговори? Дали се професионални?


Проверете и кај некои други сегашни или поранешни корисници за тоа какво ниво на поддршка и услуга може да очекувате. На крајот на краиштата, целата идеја за изнајмување канцеларија во заеднички сервисиран простор е дека вие ќе се фокусирате на водење на вашиот бизнис, а некој друг ќе се грижи за канцелариската логистика.


Извор - ТEBC


41 views