top of page
ППП
DSC_0109.JPG

ПЕДИЈАТРИСКА ПРВА ПОМОШ

Секоја година илјадници луѓе умираат во ситуации кога прва помош можеше да го спречи тоа. Ова вклучува скоро 900 луѓе кои се гушат до смрт, 2500 кои се задушуваат од блокирани дишни патишта и 29000 кои умираат од срцев удар. 

Обуката за педијатриска прва помош е наменета за сите родители, воспитувачи, негуватели, наставници и сите други заинтересирани лица што секојдневно се во непосреден контакт со деца. 
 

Преку оваа обука ќе научите основни вештини за давање прва помош во ургентни ситуации како што се:

  • РЕАНИМАЦИЈА ИЛИ СРЦЕВО И БЕЛОДРОБНО ОЖИВУВАЊЕ (CPR)

  • ЗАДУШУВАЊЕ (ХАЈМЛИХОВ ЗАФАТ)

  • ПОВРЕДИ НА ГЛАВА

  • ПОВРЕДИ ОД ТОПЛИНА И СТУД

  • ТРУЕЊЕ

  • НАПАДИ ОД ГРЧЕВИ, ИТН.
     

Обуката ја спроведуваат стручни лица – лекари. Во текот на обуката задолжително се прават практични вежби на фантоми за реанимација. Сите учесници што успешно ќе го положат финалниот тест се здобиваат со сертификат.

ЗЖС
DSC_6901_edited.jpg

ЗДРАВ ЖИВОТЕН СТИЛ

Дали живеете здраво? Што е всушност здрав животен стил? Расчистете ги сите дилеми што е здраво, а што не. Во соработка со д-р Александар Митов ви нудиме обука за здрав животен стил каде што докторот преку научно докажани аргументи укажува за влијанието на начинот на исхрана и физичка активност на нашето севкупно здравје. Неговото познато мото е дека треба да ги лекуваме причините, не последиците. 

Благодарение на голем број научни студии и многу позитивни приказни од сопствената пракса, д-р Митов споделува исклучително важни факти и совети што ќе ви бидат од полза доколку сакате или треба да ги промените стари навики, со нови поздрави навики. Исто така, за сите вас што сакате да научите повеќе и вложувате во превенција.

bottom of page