Можни конфигурации
Што сѐ добивате?
Капацитет
До 40 гости; сала, лоби, кујна, тераса и 2 тoалети, 170м2
Ресторани во близина
Бројни ресторани и опции за кетеринг во околината
Свежо мелено кафе
Бесплатно вкусно кафе, сокови и филтрирана вода
Паркинг
Лесна пристапност и достапни паркинг места
Одлична локација
Мирно место лоцирано во населба Тафталиџе, Скопје
Технологија
Брз оптички интернет
озвучување и веб камери
Сала
Со капацитет до 40 луѓе
Лоби
За одвоени состаноци
Кујна
Функционална и опремена
Тоалети
Два современи тоалети
Како можете да го користите просторот?
Деловни и тимски состаноци
Ви треба тивок простор за деловен состанок? Имате потреба Bашиот тим да работи заедно на одреден проект? Професионалниот и комфорен амбиент на нашиот Центар може да биде идеално место за поефективно извршување на одредени задачи во текот на траењето на проектот.
Работилници и обуки
Планирате работилница, семинар или обука? Нашиот Центар може удобно да смести 40 учесници, со можност на дополнително вклучување на учесници преку онлајн платформа. Распоредот на масите и столиците е според вашите потреби.
Промоции и посебни настани
Соберете ги вашите партнери или потенцијални клиенти на едно место и презентирајте ги вашите нови производи или услуги. Ако дел од вашите клиенти се во странство, хибриден настан може да биде оптимално решение за успешно воспоставување на новите партнерства.
Пакети
*Ако сакате да го разгледате просторот пред да донесете конечна одлука, закажете термин и посетете не'.
Доколку ви се потребни видео или фотографски услуги за вашиот настан, контактирајте ја ЛинкАкрос видео продукција на www.videoprodukcija.mk