ОБУКА ЗА ПЕДИЈАТРИСКА ПРВА ПОМОШ

header3.png
cover.png

Подарок за

33 протоколи за укажување на прва помош

учесниците

Почнавте со припреми за летен одмор? Знаете ли дека летните месеци се нарекуваат и „сезона на трауми“?

 

Причната за ова е зголемен број на повреди предизвикани од паѓање. Тие се скоро удвостручени во лето. Изгореници, потрес на мозок, скршеници, давење се само некои од најчестите повреди во лето.

 

Иако летниот одмор претставува релаксација и забава за целото семејство, во летните месеци се случуваат најголем број повреди предизвикани од топлина и вода.

 

Колку и да се трудиме да бидеме внимателни, несреќи се случуваат. Невозможно е децата да ги имаме пред очи секоја секунда од денот. И ниедна средина никогаш не може да биде 100% безбедна. 

 

Како родител, вие први реагирате кога нешто ќе тргне наопаку или ако е потребно да се укаже прва помош. 

Што ќе направите? 

Научете ги вештините што ви се потребни за да спасите живот и да ги третирате најчестите повреди и итни состојби.

 

Спремете се ова лето и за непредвидени настани преку учество во обука за педијатриска прва помош во ЛинкАкрос Центарот за Развој во Скопје. Обуката ќе ви даде основно знаење и самодоверба да дејствувате брзо и ефикасно во ситуација на ургентна состојба. 

 

Обуката ќе се одржи на 15 јуни (среда), од 18 до 21 часот.

Ако сте родител или работите со група деца, оваа обука е токму за вас. 

Обуката ќе ги опфаќа следниве теми:

  1. Реанимација и згрижување при задушување

  2. Нереактибилност, колапс и повреди на глава

  3. Грчеви

  4. Алергиски реакции/Каснатини и убоди

  5. Труења и ингестии

  6. Контрола на локални инфекции, крварење и отоци

  7. Повреди поврзани co топлина и студ

  8. Разно – астма, диабет, покачена температура

 

Цената на тричасовната обука изнесува 990 денари.

Обуката ќе ја водат искусни педијатри, д-р Ѓорѓи Паскалов или д-р Милена Спиркоска. 

д-р Ѓорѓи Паскалов

д-р Милена Спиркоска