top of page

Досадата како проблем и флексибилнилниот канцелариски простор како решение

Updated: Jan 24, 2023

Галуп пресметал дека загубата на компаниите поради досада на работното место изнесува помеѓу 450 и 550 милијарди долари годишно во САД, и е во постојан пораст.


Истовремено Fortune 500 и останатите големи компании планираат инвестиции во флексибилен канцелариски простор. Според ЦБРЕ, повеќе од половината од испитаните 185 директори очекуваат уделот на флексибилниот канцелариски простор да порасне во наредните 2 години и да достигне удел меѓу 10 и 50%. Тоа би бил значаен пораст од 34% во однос на сегашноста.


Дали овие 2 трендови се меѓусебно поврзани или е во прашање чиста коинциденција?


Досадата како пандемија

Компанискиот менаџмент лесно може да ја превиди досадата. Верувањата дека „ние сме авангардни, правиме неверојатни работи и полни сме со оптимизам“ звучат толку прекрасно и заслепуват уште полесно. Ваквите размислувања се можеби соодветни на високите компаниски кругови со многу контакти и динамичност кои не оставаат простор за еднообразност и здодевност.


Милениумците пак упорно трошат премногу работни часови на Фејсбук, Инстаграм, Тик-ток, Твитер и слично. И покрај укажувањата од сите страни нивната посветеност не спласнува. Суровата реалност е дека ним социјалните мрежи им се попривлечни и поважни од здодевните задачи на работното место. Тие за нив се мака што им го отапува умот и им го убива духот.


Според најновите проценки дури помеѓу 43 и 53% од вработените се чувствуваат досадно на работното место. Или уште попрецизно, сите пониски слоеви во компанијата - од обичните извршители до средниот менаџмент - ја симнуваат педалата од гасот најмалку 10 часа неделно.


На нив секојдневната работа им е бесмислена. Па затоа во нив се пројавува вродениот човечки одговор на бесмисленоста - се дистанцираат и спротиставуваат. Така, вработените обземени од досада на работното место ја губат мотивацијата за работа и се фокусираат на нешто сосема друго. Социјалните мрежи се само најлесниот и најдостапниот вентил за бегство од здодевната канцеларија.


Проблемот пред кој е соочена компанијата не е ниту трендовски ниту ограничен само на одделот за човечки ресурси.


Здодевноста на работното место го ограничува компанискиот раст и ги намалува приходите. Затоа неговото решавање е од големо значење за компаниите.


Како да ја надминеме здодевноста?


Познати се најразлични начини за надминување на здодевноста на работното место. Компанискиот менаџмент и соодветните структури веќе подолго време се обидуваат да дојдат до успех со употреба на традиционални методи.


Заедничкото за сите нив е дека предизвикуваат само делумен и ограничен позитивен ефект. Позитивно влијаат само на одреден дел од вработените или позитивниот ефект е временски ограничен на периодот на активноста и нешто подоцна.


Како пример можеме да ги наведеме следните активности:

1. Организирање на најразлични ткн. тим-билдинг активности

Може да се изведуваат на најразлични места - од блиската околина на компаниското седиште до подалечни атрактивни туристички локации. Активностите може да варираат од чисто забавен тип до тесно поврзани со суштинските компаниски дејности. Вработените субјективно реагираат на нив и ефектот во голема мерка спласнува по враќањето на компаниското секојдневие.

2. Повеќе предизвикувачка работа.

Креирајте работни задачи кои се интелектуално попривлечни и постимулирачки. Да се отплетка некој проблем, да се реши некоја загатка или да се изгради мислење околу нешто што би се разгледало на следниот состанок на тимот. Тука ангажманот на работниците директно зависи од нивното уверување колкаво е значењето на работната задача.

3. Мотивирање на вработените со награди и бонуси за извршување на

одредени работни задачи.

Финансиската стимулација секогаш има позитивен ефект врз работникот. Но неговото ниво на обземеност од досада сериозно не се менува. Товарот на досадата не се намалува значително иако се зголемува чекорот и брзината на остварувањето на проектираниот таргет. Баластот на досадата е врзан со емотивната страна на човековата природа и не исчезнува значително поради примамливоста на финансиската стимулација.

Сите тие се широко применети и помалку или повеќе даваат ограничени и недоволни позитивни ефекти во работењето.


Престојот во флексибилен канцелариски простор е релативно ново и иновативно решение.


Што е всушност флексибилен канцелариски простор?


Флексибилниот канцелариски простор е колегијален и стимулирачки работен простор кој на нестандарден начин му приоѓа на проблемот. На прв поглед не му се наметнува на вработениот туку посредно преку ново амбиентално и функционално решение влијае на односот на вработениот кон работните задачи. Наместо директен и очигледен начин на стимулација и анимација, флексибилниот канцелариски простор влијае првенствено на местото и начинот на извршување на задачите.


Флексибилните канцелариски простори се тивки и со релативна приватност овозможуваат колегите природно и спонтано да се поврзуваат. Интересно е дека стекнувањето на пријатели на работното место е водечка превентива за напуштањето на компанијата. Вработените ќе се врзат за работата на свој субјективен начин, подлабоко отколку што било кој тим билдинг тоа може да го направи. А досадата ќе биде ефикасно елиминирана.

Да ги наброиме само најбитните елементи на флексибилниот канцелариски простор:

  • Флексибилен распоред во просторот и можност за брзо преуредување на ентериерот според променливите потреби на бизнис-задачите и самите вработени.

  • Отворени области како работни простори за соработка и споделување на идеи. Ако се доволно динамични и привлечни, дополнително ќе поттикнат чувство на креативност и иновација.

  • Простор за социјализација. Тој е повеќе од традиционалниот ѕид за ужина или масата за пинг-понг. Удобен и неформален простор креиран да опушти, релаксира и инспирира.

  • Тивки работни области. Делумно или целосно звучно изолирани делови од флексибилниот канцелариски простор каде вработените може да работат фокусирани без бучавата да им го одвлекува вниманието.

  • Простор за состаноци. Флексибилен и прилагоден на спектарот од потребни ситуации: од приватен и затворен тип до отворен и масовен со мултимедијална презентација и употреба на многу технологија.

  • Прилагодливи работни станици. Составени од подвижен и прилагодлив мебел. Разни компоненти од седечки и стоечки дизајни кои лесно се транспортираат и преместуваат за флексибилна употреба прилагодена на моментот и потребата.

  • Ефикасно складирање на личните предмети. Кога концептот на доделен простор евоулира во флуиден и наменски тогаш потребни се посебни решенија за складирање. Бироата се чисти а пристапноста до сите ресурси целосна.

  • Вистинската технологија на вистинското место. Иновативните технолошки решенија се појавуваат секојдневно. Не се поставува прашањето Дали туку Кога да се започне со нивна имплементација. Тие се неоходни за комплетна синхронизација на луѓето, просторот и работните задачи.

Флексибилниот канцелариски простор им овозможува на вработените различни места, различни начини на работа и флексибилен начин за нивно користење. Клучен е вистинскиот дизајн и употребата на вистинските технологии. Ако идеално се надополнат - имплементацијата ќе биде најуспешна и предностите на флексибилниот канцелариски простор ќе бидат највпечатливи.


Кои се предностите на флексибилниот канцелариски простор?


За да употребата на флексибилен канцелариски простор прерасне во тренд, клучни се токму предностите што тој ги нуди. Најважните од нив се:

  1. Погоден е при хибридниот работен модел. Флексибилниот канцелариски простор лесно ќе се приспособи кон бројот на вработените моментно присутни во него и на нивните желби и потреби.

  2. Ја зголемува продуктивноста. Вработените лесно и брзо пристапуваат до вистинското место и потребниот уред и технологија за извршување на тековната задача. Дополнителен позитивен ефект имаат и пријатниот амбиент и позитивната атмосфера.

  3. Скалабилност. На флексибилниот работен простор може лесно да му се намали или зголеми капацитетот соодветно на компаниските потреби. Тој ги следи компаниските трансформации во различните фази и периоди.

  4. Ги привлекува и задржува вработените. Вработените уживаат работејќи во простор кој ги подржува во работата што ја извршуваат и ја намалува/елеиминира досадата и анксиозноста.

  5. Ја поттикнува соработката. Вработените можат едноставно и лесно да ги организиираат заедничките активности, независно дали работат директно на ист проект или само разменуваат искуства.

Ваквите флексибилни канцелариски простори не се привилегија само на економски најразвиените делови на светот. Светскиот тренд е да се сепоприсутни насекаде.


За најмување на ваков флексибилен канцелариски простор во Скопје не треба да чекате долго. Терминот во смарт салата на ЛинкАкрос Центарот за развој можете да го договорите во многу краток период од моментот на одлуката дека Ви е неопходен.


Слободно контактирајте не и внесете свежина во секојдневието на Вашата компанија.



тагови


8 views
bottom of page