Со текот на годините, трендовите во дизајнот на канцелариите се менуваа и подобруваа. Долги години, типична канцеларија имаше бели ѕидови и одвоени прегради. Меѓутоа, во последните години, менаџерите ширум светот го отфрлаат тој стар, досаден дизајн и воведуваат нова ера на тоа како треба да изгледа работното место. Зошто е важно да се обрне внимание на актуелните трендови за дизајн на канцеларии?
Во една статија објавена од Office Furniture Warehouse, компанија која е специјализирана за дизајнирање канцеларии, тие ја нагласуваат важноста на канцеларискиот дизајн, распоредот и користењето на просторот. Причината за ова е фактот дека работната средина влијае на продуктивноста, удобноста, уживањето и квалитетот на работата на вработените.
Да ги погледнеме најпопуларните трендови во дизајнот на канцелариите во 2022 година.
Биофилен Дизајн

Многу канцеларии во 2022 година се наклонети кон повеќе зеленило во работниот простор. Не само што растенијата ги прават просторите посветли и им даваат поприроден изглед, туку и имаат позитивно влијание врз вработените.
Бројни научни студии покажаа дека растенијата во канцеларијата ја потикнуваат продуктивноста на вработените и го намалуваат нивото на стрес. Исто така е откриено дека ги намалуваат стапките на болести и отсуство.
Една научна студија од Универзитетот во Ексетер покажа дека додавањето растенија во работниот простор може да ја зголеми продуктивноста за 15%. Студијата, исто така, покажа дека „растенијата во канцеларијата значително го зголемуваат задоволството од работното место, нивоа на концентрација и перцепираниот квалитет на воздухот“.
Друг позитивен ефект што се покажа дека го имаат растенијата е намалувањето на нивото на бучава. Докажано е дека растенијата апсорбираат бучава. Важноста на намалените нивоа на бучава и поништувањето на бучавата ќе биде спомната подоцна во оваа статија.
Канцеларија со Домашна Атмосфера
Трендот да го направите вашиот канцелариски простор да биде удобен како вашиот дом е долгогодишен тренд, но во последните години експоненцијално расте.
Удобните седишта, вклучувајќи столчиња за маса и каучи, се важни аспекти на овој дизајн. Во ова се вклучени и теписи, топло осветлување, завеси, па дури и растенија, како што беше споменато претходно.
Целта на овој дизајн е да се зголеми продуктивноста на работата преку создавање на домашна, удобна атмосфера. Користењето на истиот води до зголемена продуктивност и подобра работна средина бидејќи луѓето повеќе ќе уживаат додека се на работното место и ќе имаат подобри односи со своите колеги.
Простор без Ехо

Студијата направена од Универзитетот во Сиднеј покажа дека некои од најголемите фактори кои го одвлекуваат вниманието и најфрустрирачките работи на работното место се поврзани со бучавата. Кога го дизајнирате или редизајнирате вашиот деловен простор или избирате канцелариски простор
за изнајмување, можноста за намалување на ехо што е можно повеќе е од витално значење за ефикасноста.
Користење теписи и килими ќе придонесе да се апсорбира звукот. Освен подните елементи, акустичните прегради можат неверојатно да помогнат во намалувањето на звукот.
Компанијата Parterre Flooring, експерт за подови, објави статија со совети како да се намали бучавата во канцелариските простори. Бидејќи тие се специјализирани за LVT (луксузни винилни плочки), тие препорачуваат користење на LVT подови бидејќи овој тип на подови има способност да апсорбира значителна количина на ехо.
Нешто друго што тие силно го препорачуваат е создавање на наменски „тивки простори“ во канцеларијата, доколку имате доволно простор. Овие тивки простори може да се создадат од неискористени конференциски сали или канцеларии, па дури и да се градат во области каде што вработените можат да одат и да работат кога имаат потреба од целосна тишина.
Флексибилни Работни Простори

Традиционалните канцелариски простори изгледаат како преградени кутивчиња за работа, со додаден дел за чајна кујна. Истражувањата покажаа дека ова е неефикасно и дека иднината на канцеларискиот простор е во флексибилноста на просторот.
Овој дизајн на канцеларии вклучува неодредени работни области, дел за пиење за кафе, дел со каучи, сали за формални конференции и состаноци и други делови во кои вработените можат да работат. Дури и во канцелариите што се помали или имаат отворен план, можете да одредите различни области во канцеларија за таа да понуди повеќе можности за вработените да се движат низ просторијата додека работат.
Флексибилниот работен простор не мора да биде во голема зграда што овозможува движење низ различни простории. Наместо тоа, една област може да биде неколку маси и столови заедно во круг, а друга област може да биде два каучи свртени еден кон друг. Овој дизајн е наменет и за помали канцеларии бидејќи не бара посебни простории или голема зграда. Дури и најмалите канцелариски простори можат да вградат флексибилен работен
простор.
Заклучок
Работна средина каде што вашите вработени се среќни, каде им е удобно и каде ќе можат да се фокусираат на својата работа е нешто што ќе ја зголеми продуктивноста и квалитетот на работата. Со ова ќе се намали стапката на заминување од работното место, и сè на сè ќе се подобри вашата компанија од внатре кон надвор.
Слушајте ги вашите вработени во однос на тоа што ним им треба во канцеларија. Потоа, погрижете се нивните потреби да бидат исполнети.
Како изгледа вашата канцеларија? Дали сè уште работите со прегради и бели ѕидови? Дали е прегласна? Со какви предизвици се соочувате вие во наоѓањето на вистинското решение за вашиот канцелариски простор?
Пронаоѓањето на вистинскиот канцелариски простор и дизајн може да потрае некое време, но ќе заврши со посреќни вработени и квалитетни производи и услуги. Не ви се потребни сите овие трендови за вашата канцеларија да изгледа добро, но обидете се да експериментирате со еден или два и направете ја вашата канцеларија подобра од тоа што беше досега.
Ако сакате да испробате каква промена би донел новиот дизајн, може привремено да ги изнајмите просториите на ЛинкАкрос Центарот за Развој.
тагови
Трендови на канцелариски простор, флексибилен работен простор, флексибилен закуп, канцеларија со домашна атмосфера, биофилен дизајн, coworking простор, деловни настани, тимски состаноци, хибриден модел, канцелариски простор, хибриден простор, хибриден канцелариски простор, хибридно работење, хибридна канцеларија, хибридни настани, сала за состаноци, состаноци, простор за изнајмување, мотивација, продуктивност, профитабилност, тимска работа, тим, coworking prostor, delovni nastani, timski sostanoci, hibriden model, kancelariski prostor, hibriden prostor, hibriden kancelariski prostor, hibridno rabotenje, hibridna kancelarija, hibridni nastani, sala za sostanoci, sostanoci, prostor za iznajmuvanje, motivacija, produktivnost, profitabilnost, timska rabota, tim,
Office space trends, flexible work space, biophilic design, coworking space, business events, team meetings, hybrid model, office space, hybrid space, hybrid office space, hybrid work, hybrid office space, hybrid event, office meeting space, meetings, space for renting, motivation, productivity, profitability, team work, team