top of page

Педијатриска Прва Помош: Зошто е важна и 7 клучни совети за кризни ситуации

Updated: Jan 24, 2023

Спремајќи се за летните одмори речиси секој родител задолжитено во семејните куфери пакува и сирупи за температура и лекови против алергија. Причината за ова е едноставна: колку и да внимаваме на нашите деца, повредите и болестите се неизбежни, дури и во време на одмори!


Се разбира, сите посакуваме тие повреди да бидат лесни, но што ако токму на овој одмор треба да се справиме и со некоја посериозна состојба или повреда? Спремни ли сте да дадете прва помош? Колку ние како општество знаеме да реагираме итно и соодветно?



Јуни е месец кога обично се припремаме за годишните одмори. Ние во ЛинкАкрос Центар за Равој го посветивме овој месец на одржување обуки кои ќе им помогнат на нашите соограѓани да поминат побезбеден летен одмор.


После двегодишна пауза заради пандемијата, повторно ги отворивме нашите врати за родителите и сите оние кои работат со деца, а сакаат да бидат подготвени во случај на ургентни ситуации.


Нашиот Центар за Развој беше домаќин на 30 родители, наставници и воспитувачи кои ни се придружија на две обуки предводени од нашите долгогодишни соработници, д-р Ѓорѓи Паскалов и д-р Милена Спиркоска.



Зошто обуки за педијатриска прва помош?


Причината е едноставна: да бидеме спремни да спасиме живот. Нашата цел е преку обуки за прва помош да ја подигнеме свеста дека секој – без разлика дали станува збор за родител, наставник или згижувач – треба да знае да укаже прва помош.


Илјадници луѓе умираат секоја година во ситуации кога првата помош можела да спаси живот. Ова вклучува речиси 900 луѓе кои умираат од задушување, 2.500 кои задушуваат од блокирани дишни патишта и 29.000 кои умираат од срцев удар.


Во САД, статистиките велат дека во една година животот го губат преку 350.000 Американци поради срцев удар. Навремено укажана реанимација може двојно, а некогаш и тројно, да ги зголеми шансите за преживување.



Од каде идејата за обуки за педијатриска прва помош?

Идејата дојде од една директорка на градинка во Скопје. Во 2015 година, тогашната директорка на „8 Март“, Снежана Кливановска, побара од нас во ЛинкАкрос да направиме пилот проект кој ќе има за цел да обучи дел од воспитувачите и негувателките во општините Кисела Вода и Чаир.


Реалноста беше дека повеќето вработени немаа формална обука за постапување во случај на итни медицински сосојби. Сите ние кои имаме мали деца знаеме што сѐ може да се случи во денот, а ризикот е поголем кога имате 30 деца на едно исто место.


За да започнеме со овој проект побаравме помош од лекари на Детска Клиника во Скопје. Под водство на д-р Милена Спиркоска се изготви материјалот и обуките започнаа. До 2019 обучивме преку 1500 воспитувачи, негуватели и наставници по одделенска настава и родители во Скопје и речиси во секој поголем град во Македонија.



Како дел од проектот, а со цел знаењето за прва помош да се шири побрзо и помасовно, снимивме и видеа за педијатриска прва помош кои може да ги погледнете на www.prvapomos.mk.


Еве неколку совети кои ги научивме oд овие предавања.



Што никогаш не треба да правите?

  • Не проверувајте ја усната шуплина на слепо за присуство на туѓо тело!

  • Не обидувајте се да отстраните предмет кој штрчи од раната!

  • Никогаш не ја вадете кацигата во случај на сообраќајна несреќа.

  • Не ги терајте децата да повраќаат доколу испиле абразивно средство за чистење.

  • Не им давајте на децата да пијат млеко или други течности доколку испиле киселина.

  • Не третирајте отворена рана со хидроген – само сапун и вода!

  • Не го поместувајте детето што има повреда на глава, а не се обидува да стане само.



Заклучок


Иако летниот одмор претставува релаксација и забава за целото семејство, во летните месеци се случуваат најголем број повреди предизвикани од топлина и вода.


Најдобар начин да се „заштитиме“ од повреди и евентуални несреќи е да научиме како најдобро и најбрзо да се справиме со истите. Освен тоа што треба да знаеме што да направимме кога детето ќе падне на глава, треба и да реагираме брзо. Но, само ако сме сигурни во тоа што правиме ќе реагираме и доволно брзо.


Ако не успеавте да ја посетите нашата обука за педијатриска прва помош, се надеваме ќе имаме можност да се дружиме со вас од септември. Повеќе информации за следни обуки може да добиете на www.centarzarazvoj.mk



тагови


79 views
bottom of page