Искуства од Користење на Coworking Простор

Updated: Jun 23


Сандра Тутуреска е дипломиран инженер по информатика, и веќе 12 години работи во делот на UX/UI дизајн. Таа е во постојана комуникација со клиенти и со тим на девелопери. Својот кариерен пат веќе две години наназад го гради во ПоларКејп. Се работи за една IT компанија од Шведска која има претставништво во Македонија и работи со интернационални проекти.

Ја замоливме Сандра Тутуреска да го сподели нејзиното искуство и искуството на ПоларКејп во однос на темите за кои пишувавме во нашите претходни блогови - работа од дома наспроти работа од канцеларија, и секако, растечкиот тренд на хибридно работење.


Повод за нашето интервју со Сандра e и нејзиното искуство на изнајмување на coworking простор за работа во ЛинкАкрос Центар за Развој во Скопје, уште едно од актуелните прашања за кое побарувачката допрва ќе расте и кај нас во Македонија.


Глобалната пандемија влијаеше врз начинот на работа кај голем број компании. Какви промени се случија во ПоларКејп?


Како и секоја компанја, така и ПоларКејп мораше да се прилагоди на Ковид пандемијата, но поради одличната култура која претходно беше воспоставена, успеавме да имаме минимални последици, иако работевме од дома. Можеби најмногу имаше влијание на социјалниот дел и дружбата меѓу колегите.



Какво беше вашето искуство додека работевте од дома? Со какви предизвици се соочувавте? Во однос на продуктивност, задоволство од работата, социјална интеракција, и сл.


Како и за сите, така и за мене, на почетокот беше интересна промената за работа од дома, но на долг рок не е практична од социјалната страна која на некој начин има влијание и врз самата работа и воспоставување колегијален однос.



Дали работата од дома ја намалува или зголемува продуктивноста, конкретно за вашата индустрија во Македонија?


Не можам да кажам за индустријата во целост, но мене не ми претставуваше некоја варијација во продуктивноста она што останавме да работиме од дома. Секако, со дополнителна работа се соочуваа и сите оние кои што работеа од дома, а особено родителите, меѓу кои сум и јас. Бидејќи градинките и училиштата не работеа, бевме принудени покрај работата да воспоставиме и некоја “градинка” дома со активности, се со цел децата да можат да бидат зафатени и да можеме и ние да ги извршуваме работните обврски.

Сето ова беше предизвик, но бидејќи секако имавме воспоставен некој систем на организација помеѓу нас како родители, целиот тој период ни беше предизвикувачки, но не и тежок.



Дали сеуште работите од дома или се повеќе колеги се враќаат во канцеларија, или повеќе би сакале хибриден модел?


Мислам дека сега, сите скоро се согласуваме за хибриден модел на работа.

Секако тоа зависи од индивидуата и начинот на работа и функционирање, секој различно ја црпи инспирацијата за работа која што ја дава продуктивноста. Хибридниот модел на работа е можеби поприфатлив, особено за нашата ИТ индустрија, бидејќи може да работиме од било каде и продуктивноста да биде секако иста и на високо ниво. Флексибилното време, локација, кај некој даваат поголема опуштеност при работата.


Што мислите, дали Скопје нуди добри опции во однос на изнајмување сали/простор за тимски состаноци?


Немам некое големо искуство со изнајмување на простор за тимски состаноци, освен со вас, што се покажа како позитивно искуство.



Како ПоларКејп го најде просторoт за изнајмување и за што ви беше потребен?


За просторот слушнав од состанокот со Вас, на кој што ми беше презентиран просторот и условите кои што ги нуди. Тогаш видов потенцијал и го предложив на мојата компанија, кои што подоцна ве контактираа, и сеуште го користиме просторот.



Какво е вашето искуство со изнајмување ЛинкАкрос Центар за Развој? За каков вид деловен настан го изнајмивте?


ЛинкаАкрос Центарот за Развој во тој момент го користевме за деловни состаноци на повисоко ниво и искуството беше одлично. Во тој момент многу малку искористивме од капацитетот на просториите, што значи дека просториите нудат многу повеќе и можат да се изнајмуваат за различни видови на настани. Моментално го користиме како дополнителен простор за потребите на ПоларКејп.



На скала од 1 до 10, дали би ја препорачале салата на други фирми?


Секако, да. Со оцена 10.



ПоларКејп, го користи просторот на ЛинкАкрос Центар за Развој два пати неделно. Овој аранжман е од бенефит за компаниите кои се соочуваат со пораст на бројот на вработени, а недостиг на простор. Било да се работи за тимски состанок или вообичаен работен ден, вработените имаат можност да бидат на едно исто место, наместо дома. Изнајмување на coworking простор за тимовите, било да е тоа еднаш неделно или еднаш месечно, е win-win модел и за компаниите и за вработените. Имате потреба од coworking простор за вашиот тим? Разгледајте го просторот на ЛинкАкрос Центар за Развој и резервирајте го вашиот термин.

68 views