top of page

5 Здрави Практики за Продуктивен и Среќен Тим

Updated: Jan 24, 2023


Healthy people photo created by katemangostar - www.freepik.com

Фондацијата ЦДЦ наведува дека во САД работодавците губат 1.685 долари по вработен поради често планирано или непланирано отсуство од работа. Тоа е околу 255 милијарди долари годишен трошок само за отсуство од работа.


Причината број еден за отсуство на вработените се лесните заболувања, додека менталното здравје завзема трето место.


Дали работодавците можат да им помогнат на своите вработени да бидат поздрави? Според студијата направена од Универзитетот во Калифорнија во 2017 година, вработените кои биле дел од велнес програмата во склопот на својата компанија ја зголемиле продуктивноста за над 5%, што е приближно еквивалентно на додавање на еден продуктивен работен ден месечно.


Како можете да ги поттикнете вашите вработени да бидат поздрави?

1. Воведете програми за здравје и физичка активност


Еден начин да се охрабрат вработените да станат поздрави е преку спроведување на програма за здравје и физичка активност. За имплементација на оваа програма ќе треба да се вложи време за истражување и планирање, но таа може да му помогне на вашиот бизнис да заштеди илјадници долари. SHRM, виртуелна група за човечки ресурси, објави статија со детални упатства за спроведување на програма за здравје и физичка активност.


Пример на компанија која имплементирала успешна програма за здравје и физичка активност е Google. Нивната програма е заснована на тријада на среќа, здравје и животна рамнотежа. Една од опциите што ја нудат се бесплатни здрави ручеци, теретани и лекари – со што им овозможува на вработените лесно достапни опции за подобрување на нивното здравје во текот на работното време. Програмите на Google имаат за цел да создадат добар баланс помеѓу здравјето, работата и приватниот живот, што многумина го припишуваат на нивниот успех.


Друга компанија која има имплементирано успешна програма за здравје и благосостојба, конкретно во однос на менталното здравје, е Аsanа. Една придобивка што им ја нудат на своите вработени е бесплатната терапија и пристап до професионална помош. Освен тоа, Асана им нуди на вработените тренери (coaches) за личен развој. Во нивната програма за здрав начин на живот, Live Well, компанијата нуди голем број различни опции за поттикнување на здрав начин на живот во текот на работната недела, како што се: јога, месечни совети за исхрана, кампови за вежбање и идеи за рецепти. Според Comparably, Асана е во првите 5% за задржување на вработените во споредба со стотиците други компании оценети на нивната веб-страница.


2. Обезбедете попусти за месечни членарини во теретани


Студијата направена во 2008 година од истражувачи од Велика Британија покажала дека кога им се давал пристап до теретана и ја користеле, повеќе од 200 вработени биле попродуктивни во текот на работниот ден и се чувствувале позадоволни од својата работа.

Кај нас, ретко која фирма би била толку моќна да изгради фитнес сала за интерна употреба. Но секако може да контактирате локални фитенс сали и да договорите корпоративен попуст.



3. Изберете го вистинскиот дизајн на канцеларијата


Начинот на кој е дизајнирана вашата канцеларија може да игра голема улога и врз здравјето и продуктивноста на вработените. Познато е дека изборот на дизајни како биофилен дизајн или флексибилен канцелариски простор го зголемува здравјето на вработените. Една статија објавена од AllWork, опишува како дизајните на канцелариите можат позитивно да влијаат на здравјето на вашите вработени.


На 60% од вработените денес им е тешко да се фокусираат на работното место поради работната средина. Правилниот дизајн на канцелариски простор може да помогне да се реши ова. Флексибилен канцелариски простор, за кој подетално зборуваме во нашата објава за Трендови на канцелариски простор во 2022 година, е еден од најлесните начини да ги поттикнете вашите вработени да се движат во текот на работниот ден. Користењето на овој дизајн на канцеларија им овозможува на вашите вработени да стануваат и да се движат повеќе.


Овој дизајн, исто така, овозможува да се назначат тивки простории, што може да биде корисно за зголемување на продуктивноста и одржување на вашите вработени поздрави. Тивките соби се корисни за канцеларискиот простор бидејќи овозможуваат ослободување од стресот. Стресот на работното место ги зголемува ризиците за висок крвен притисок, срцеви заболувања, дебелина и мозочен удар, што доведува до повисоки стапки на отсуство од работа и пониски стапки на производство. Покрај ослободувањето од стресот, тие простории му помагаат на вработениот да се тргне од надворешна бучава и фокусира на работата.


4. Обезбедете опции за здрава храна


Ако вашата канцеларија нуди автомат за чипс, бонбони, чоколади и газирани пијалоци, размислете да ги замените тие производи со поздрави опции. Овие поздрави опции може да вклучуваат однапред подготвени салати или сендвичи, па дури и протеински барови.

5. Охрабрете ги вработените да пешачат или да возат велосипед на работа


Охрабрете ги вашите вработени да одат пешки или со велосипед до работа доколку живеат доволно блиску до вашата канцеларија. Ако вашите вработени користат јавен превоз на работа, поттикнете ги да се симнат една или две станици порано, и остатокот од патот да одат пеш. Или, ако вашите вработени возат до работа, охрабрете ги да паркираат подалеку отколку што вообичаено би се паркирале за да остават простор за пешачење. Овие мали промени во начинот на кој вашите вработени доаѓаат на работа ќе им овозможат да вежбаат малку повеќе во текот на денот.



Заклучок


Во овој блог пост наведовме многу начини на кои вашата компанија може да помогне во одржувањето на вашите вработени здрави, среќни и попродуктивни. Дали ви се чини дека вашите вработени постојано земаат денови за боледување? Дали вашата компанија има нешто што го поттикнува вашиот персонал да живее поздраво? Како можете да ги поддржите вашите вработени?


Можете да ги имате најдобрите и најконзистентни клиенти во светот, но ако вашите вработени не се продуктивни заради здравствени причини, ќе немате добри производи или услуги за вашите клиенти.


Лесно е да ја припишете пониската продуктивност на надворешните фактори, но од витално значење е да ги согледате внатрешните фактори и да воведете промени што ќе им помогнат на вработените да работат попродуктивно.




тагови



32 views
bottom of page