top of page

Флексибилен Канцелариски Простор Vs Монотонијата на Работното Место & Намалената Продуктивност

Updated: Jan 24

Дури 30% од работниците кои дале отказ и си заминале на ново работно место го направиле тоа поради монотонија и желба за нов предизвик.

А кај оние што останале „не може да има сомнеж дека досадата и монотонијата се негативни фактори и дека, во однос на работната средина, овие фактори можат да бидат штетни за моралот, перформансите и на крајот за квалитетот на работата.„ - е заклучокот на д-р Ричард Такреј во статијата „Стресот на досадата и монотонијата“.


Поради тоа, менаџментот на компаниите е исправен пред предизвикот како да им обезбеди на вработените доволно предизвици и разновидност во работниот ден за да ги задржи на работа и да ја зголеми нивната продуктивност. Очигледно освен висината на платата, и други дополнителни фактори се важни за заинтересираноста и ангажманот на работникот на работното место.


Кои се можните иновации што менаџментот може да ги примени за да ги задржи вработените и да ја зголеми нивната продуктивност? И дали флексибилноста на канцеларискиот простор е едно од можните решенија?


Но за да стигнеме до решенијата мораме најпрво подетално да навлеземе во суштината на проблемот.


Новото време е сега


Приоритетите и вредностите се менуваат низ времето. Секоја нова генерација има свој и поинаков сет на приоритети.


Така, во минатото, фокусот бил во стабилноста на работата и во предвидливоста на начинот, времето и местото на работа. Се одело на работа во точно утврдено време (кое само евоулирало од 7 до 15 во 08 до 16 часот). Се работело во канцеларија која била предвидлив и безмалку унифициран простор.


Денес пак многу полесно се донесува одлука за промена на работното место. Според една студија, скоро четвртина од милениумците веќе работеле на 5 или повеќе работни места. Промена на работното место повеќе не е стресен момент сам по себе туку процес на потрага по оптималното решение.


Понатаму, концептот на работа од дома, хибридниот модел на работа, флексибилен канцелариски простор и новите технологии за тимска соработка промовираа флексибилност во местото, времето и начинот на работа. Тие се појавија како директна последица на желбите и потребите на новите генерации.


Тие не се подготвени да ја прифатат работата као нужност и неминовна 8 часовна мака. Таа мора да им е забавна и пријатна. Да им нуди предизвик. Но и да е флексибилна според личните потреби и субјективните гледишта.


Новите генерации не се спремни да се жртвуваат како порано. Нивниот индивидуализам е поизразен, нивното „Јас Мислам“ и „Јас Сакам“ е јасно и нескротливо. На секој начин се трудат да го прилагодат микро светот кон сопствениот координатен систем. И затоа и бараат флексибилност во времето, во просторот, и во начинот како да ги завршат работите.


Монотонијата за нив е извор на фрустрација. Тие живеат во светот на интензивни случувања и промени. Преку социјалните мрежи и дигиталниот свет се навикнати на динамичност: нова објава, слика, видео, маил, сторија… се појавуваат едноподруго и безмалку непрестајно. Животот за нив е брз, динамичен и слободен. Афирмацијата на сите лични слободи е ултимативна и нема алтернатива. Да се робува на стегите на секојдневието и да се прифати монотонијата е причина да се несреќни.


А секој добар менаџер добро знае што значи несреќен работник. Тим во кој членовите не се среќни не може да функционира продуктивно. Не може да генерира добивка и раст на компанијата ниту може да се движи во насока на посакуван развој.


Сублимирано, среќата на работа раѓа квалитет, продуктивност и успех на работа.


Среќниот работник е попродуктивен.


Дали е мерливо колку? Според една студија 20% попродуктивен. Овој процент расте до 37% за вработените во секторот продажба. Проценти кои се далеку од занемарливи.


Како до среќен работник?


Кога би го прашале работникот - Што е потребно за да е среќен на работното место? - би добиле различни одговори. Нив можеби најдобро ги сублимира во само една реченица Камил Престон од Форбсовиот Совет:


Сакам да работам работа што ја сакам, од места што ги сакам и со луѓе во чие присуство уживам.“


Но и вака опишана среќата е премногу воопштена категорија. Причината за тоа е многу реална. На среќата влијаат многу фактори. Материјални, субјективни, имагинарни, минати, сегашни, знајни, незнајни, неискажливи…

Она што нам ни е сега најбитно е дали во тој комплексен комплот причини за среќа може да се влијае и колку?


Сигурно да.


Основно е да бидеме одговорни за среќата. Среќата е нешто што се бара и на што треба активно да се работи. Според Соња Љубомирски, автор на книгата „Како на Среќата“ ние контролираме значителни 40% од сопствената среќа.


Императив е да се превземе иницијатива, да се биде проактивен и да се инвестира во сопствената среќа. И да се помогне и влијае на вработените да го направат истото. Бидејќи сопствената среќа е тесно поврзана со среќата на блиската околина, работниот тим и слично.


Менаџментот е должен да превземе активности и да инвестира во среќата на вработените како поединци и на тимот како целина. Тој треба да е чекор понапред од проблемите. Да не ја чека појавата на негативни трендови и несакани настани.


Обезбедувањето на доволно предизвици во работниот ден, кои ќе го направат интересен и инспиративен е една од најефикасните алатки за задржување на вработените и зголемување на нивната продуктивност.


Повремена промена на работната средина успешно ја елиминира монотонијата


Еден од алтернативните начини е повремената промена на работната средина.


Иако не е практичен и е скоро невозможен за работниците оператери на машини и други слични работни места, за сите други профили на работници е препорачлив.


Промената на работната средина брзо и ефикасно го менува расположението на вработените. Ја разбива монотонијата и ја освежува работната атмосфера.


Дури и обичното преместување на рутинскиот тимски состанок во локалното кафуле или ресторан ги враќа насмевките на лицето кај мнозинството во тимот.


Престојот пак на отворено – на плажа или во парк на пример, може да биде уште поделотворен. Свежиот воздух, природното опкружување и сончевата светлина го освежуваат телото и стимулираат позитивни биохемиски процеси во организмот.


Замената пак на монотониот постојан канцелариски простор со нешто ново и поинакво - со флексибилен канцелариски простор - е дополнително по стимулирачка. Да таа е еднодневна, привремена и минлива. Но и како таква, таа ги комбинира во себе сите позитивности на:

  • промената на амбиентот сама по себе и сама за себе;

  • позитивниот неформален аспект на повторно ре-собирање на тимот заедно на посебно место со посебна цел и

  • локализацијата на промената во канцелариски простор со посакувани карактеристики кои инспирираат.

И така, не само што дефинитивно ја надминуваат монотонијата, туку вработените при престојот во флексибилниот канцелариски простор ја обновуваат својата инспирација, ја зајакнуваат својата доверба во корпоративните структури и се здобиваат со нова мотивација за остварување на компаниската мисија.


Какви се влијанија Флексибилниот канцелариски простор има на работникот?


Сите знаеме дека околината влијае на човекот. Работните простории не се никаков исклучок од правилото. Организацијата на работниот простор помина долг пат на еволуција. Од стерилниот еднообразен простор пред повеќе од половина век до денешниот флексибилен канцелариски простор. Тоа се сосема различни полови во поглед на стилот, дизајнот и технологијата.


Бројни се придобивките од промената и престојот во флексибилниот канцелариски простор:

  • Ја разбива монотонијата на секојдневниот канцелариски простор. Самата промена на амбиентот е освежувачка и стимулирачка

  • Ја зголемува соработката на тимот. Самиот простор ја поттикнува вродената приспособливост и ја зголемува изложеноста на нови иновативни идеи и размислувања.

  • Обезбедува многу современи и неопходни уреди. Употребата на новите технологии е неминовност за успешно корпоративно работење.

  • Го следи и го помага компаниски раст и развој. Овозможува новите дизајни и технологии да се тестираат пред да бидат имплементирани. Искуствата при повремениот престој во флексибилниот канцелариски простор ќе овозможат некое идно вложување во сопствен простор, дизајн и опрема ќе бидат подобро оптимизирани кон компаниските потреби.

  • Помага во изградбата на подобри и поцврсти тимски односи. Вработените подобро се запознаваат и воспоставуваат реалции на доверба, заедништво и соработка.

  • Промовира новина во компаниското работење за занемарлив износ во однос на потенцијалниот бенефит. Корисниците немаат никаков трошок за кирија, режиски сметки, одржување на хигиената и слично.

Затоа и флексибилниот канцелариски простор е современ и модерен начин да се разбие секојдневната монотонија и досада на работното место и со тоа да се зголеми продуктивноста на компанијата.


Да резимираме


Менаџментот на секоја компанија е заинтересиран за зголемена заработка, забрзан раст и сигурен раст на компанијата. Еден од најважните фактори за остварување на сите 3 цели е продуктивноста. Како да се зголеми продуктивноста е едно од најважните прашања во секоја компанија.


Монотонијата и досадата присутни кај вработените ја намалуваат нивната продуктивност. Ако успешно се елиминираат - продуктивноста ќе се зголеми.

Според веќе цитираната студија од почетокот на статијава, 39% од работниците ќе работат повеќе и ќе ја зголемат својата продуктивност на работа доколку се среќни.


Добриот менаџер мора да биде инвентивен и упорен и успешно да ги елиминира монотонијата и досадата на работното место. Користењето на флексибилен канцелариски простор е тренд кој е во пораст токму поради успешноста.


Тоа го потврдува и изјавата на Сандип Матрани, извршниот директор на WeWork, глобалниот лидер во изнајмување на флексибилен работен простор:


„Како што компаниите од сите големини се прилагодуваат на новиот свет на работа, канцеларискиот простор е на работ на еволуција, слично како што е-трговијата ја наруши традиционалната малопродажба. Компаниите кои порано ќе имплементираат флексибилен работен простор ќе бидат подобро позиционирани да ги прифатат идните хибридни работни аранжмани, да ги поддржат вработените и да останат агилни во сопствената стратегија на пазарот на недвижнини.“

Ваквите флексибилни работни простории ги има и во Македонија. Еден успешен пример е смарт салата на ЛинкАкрос Центарот за Развој. Таа претставува флексибилен канцелариски простор кој е достапен на сите заинтересирани компании.


Слободно контактирајте не и освежете го тимскиот дух на Вашата компанија.



тагови






9 views