Поставување и исполнување цели во Новата година со Д-р Митов

Registration is Closed
Поставување и исполнување цели во Новата година со Д-р Митов

Време и локација

Dec 15, 2021, 6:00 PM – 8:00 PM
Skopje, Helsinki 47, Skopje 1000, North Macedonia

За настанот

Настанот е со физичко присуство или онлајн, по избор на учесникот.

Нова година е симбол на нови почетоци. Тоа е воедно и време кога многу луѓе поставуваат различни цели за подобрување. Повеќето од нас поставуваме амбициозни цели, но само 10% ќе го доживејат вкусот на победата. Која е вашата цел во Новата година? Постојат безброј причини зошто луѓето не успеваат да ги остварат своите новогодишни резолуции. Поставувањето цели не е исто со имањето желби или лабави планови. Да се постави ЦЕЛ значи: прво, да се разберете себе си и својата моментална појдовна точка, второ, да одредите охрабрувачка но не и недостижна состојба кон која ќе се стремите, и трето, да поставите план, чекор по чекор, или методологија на вашиот успех. Затоа поставувањето цели е само едната страна од паричката; втората страна, секако, е исполнувањето на целите кои сте си ги поставиле. Само двете заедно прават смисла и даваат резултати. Работилница со д-р Митов ќе ја опфати оваа универзална тема „Поставување и исполнување цели“. Темата е применлива во повеќе полиња. Без разлика дали зборуваме за слабеење, менување на животни навики кон поздрав животен стил или пак личен развој, професионални достигнувања и бизнис цели, секаде важат истите принципи.

Дознајте повеќе за тоа кои цели се мерливи цели, и кои чекори ќе ве донесат до нивното исполнување.

Работилницата ќе се одржи на 15 декември (среда) со почеток од 18:00 часот во ЛинкАкрос Центар за развој на ул. Хелсинки 47 (Тафталиџе) Google Maps Link. Времетраењето е 2 часа. Промотивната цена изнесува само 690,00 денари. 

Регистрирајте се веднаш

Местата се ограничени.

*Настанот се организира согласно препораките и мерките на Владата со цел спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.  За сите учесници со физичко присуство задолжително е носење на заштитна маска на лицето и поседување на сертификат за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2.  Максимален број на учесници на настанот е 16 (ковид капацитет).

Сподели го настанот