top of page

Педијатриска Прва Помош со д-р Милена Спиркоска

Почнавте со припреми за летен одмор? Знаете ли дека летните месеци се нарекуваат и „сезона на трауми“? Причната за ова е зголемен број на повреди предизвикани од паѓање. Тие се скоро удвостручени во лето. Изгореници, потрес на мозок, скршеници, давење се само некои од најчестите повреди во лето.

Регистрацијата е затворена
Види други настани
Педијатриска Прва Помош со д-р Милена Спиркоска
Педијатриска Прва Помош со д-р Милена Спиркоска

Time and Place

Jun 10, 2023, 10:00 a.m. – 1:00 p.m.

Skopje, Ul, Хелсинки 47, Скопје 1000, Република Македонија

About Event

Иако летниот одмор претставува релаксација и забава за целото семејство, во летните месеци се случуваат најголем број повреди предизвикани од топлина и вода.

Колку и да се трудиме да бидеме внимателни, несреќи се случуваат. Невозможно е децата да ги имаме пред очи секоја секунда од денот. И ниедна средина никогаш не може да биде 100% безбедна.

Како родител, вие први реагирате кога нешто ќе тргне наопаку или ако е потребно да се укаже прва помош.

Што ќе направите?

Научете ги вештините што ви се потребни за да спасите живот и да ги третирате најчестите повреди и итни состојби.

Спремете се ова лето и за непредвидени настани преку учество во обука за педијатриска прва помош во ЛинкАкрос Центарот за Развој во Скопје. Обуката ќе ви даде основно знаење и самодоверба да дејствувате брзо и ефикасно во ситуација на ургентна состојба.

Обуката ќе се одржи на 10 јуни (сабота), од 10 до 13 часот.

Ако сте родител или работите со група деца, оваа обука е токму за вас.

​Обуката ќе ги опфаќа следниве теми:

  1. Реанимација и згрижување при задушување
  2. Нереактибилност, колапс и повреди на глава
  3. Грчеви
  4. Алергиски реакции/Каснатини и убоди
  5. Труења и ингестии
  6. Контрола на локални инфекции, крварење и отоци
  7. Повреди поврзани co топлина и студ
  8. Разно – астма, диабет, покачена температура

Обуката е бесплатна, бројот на учесници е ограничен.

Регистрацијата е задолжителна.

Please do not share

bottom of page