top of page

Бесплатна обука за дигитален маркетинг во текстилна индустрија

Поседувањето на маркетинг вештини и познавањето на потрошувачките навики се важен предуслов за бизнис успех во денешниот свет. Ова подеднакво важи и за компаниите и за поединците кои работат во сферата на текстилната индустрија, без разлика дали вашата компанија е фокусирана B2B, B2C или двете.

Регистрацијата е затворена!
Види други настани
Бесплатна обука за дигитален маркетинг во текстилна индустрија
Бесплатна обука за дигитален маркетинг во текстилна индустрија

Time and Place

Mar 18, 2021, 1:00 p.m. – 3:00 p.m.

Zoom - онлајн

About Event

Линкот од Zoom ќе ви биде испратен преку имејл порака, откако ќе се регистрирате. Регистрацијата и учеството е целосно бесплатно. Обуката ќе се одржи на македонски јазик.

УСАИД во соработка со ЛинкАкрос како дел од проектот GrowBiz, ви нудат бесплатна работилница за дигитален маркетинг на 18.03.2021 (четврток), од 13:00 до 15:00, оваа обука, исто така е поддржана од Текстилно Трговско Здружение - Текстилен Кластер Македонија. Ќе имате можност да се запознаете со:

  • Улогата на маркетингот и на дигиталниот маркетинг во текстилната индустрија
  • Што треба да знаете и кои ресурси да ги планирате
  • Како да се направи вистинскиот маркетинг микс за вашите потреби (B2B и B2C)
  • Примери од текстилната индустрија
  • Прашања и одговори

Обуката освен теоретско знаење, ќе Ви понуди и можност да се приклучите во проектот GrowBiz, како и можност за комуникација со предавачите по завршување на обуката.  

Предавач на обуката ќе биде Верица Јорданова, искусен комуниколог со над 20 години работно искуство.

Оваа обука е дел од програмата GrowBiz која има за цел да им помогне на бизнисите во нашата земја а посебно на индустриите туризам, земјоделство, текстил и преработки од дрво. 

Доколку сакате да дознаете повеќе проверете на www.growbiz.mk.

Please do not share

bottom of page