DSC_9284_edited.jpg

КОУЧИНГ

ЛинкАкрос Центар за развој дизајнира програми за коучинг според потребите и желбите на клиентот за да се осигура унапредување на индивидуално и организациско ниво. Се работи на изградба на партнерски однос помеѓу два експерти  - клиентот и коучот. Во соработка со USAID, моментално нудиме коучинг за мали и средни претпријатија преку програмата GrowBiz.

Основни задачи на бизнис коучингот се: 

  • ПОМОШ ВО ОСТВАРУВАЊЕ МЕРЛИВИ ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

  • ПОМОШ ВО ПОСТАВУВАЊЕ НА СТРАТЕГИИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦЕЛИ

  • ПОДДРШКА ВО НАДМИНУВАЊЕ НА ПРЕДИЗВИЦИ ПРИ ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦЕЛИТЕ

  • ПРОФЕСИОНАЛНА ПОДДРШКА ОД СТРАНА НА ИСКУСЕН БИЗНИС КОУЧ

ОБУКИ

Преку бројни проекти во секторот на економски развој од 2010 година до денес, невладината организација ЛинкАкрос разви неколку програми за обуки во чиј фокус беа oколу 100 претприемачи кои сакаа да започнат нов бизнис или да го прошират истиот. Исто така, во соработка со стратешки локални партнери и надворешни експерти бевме активни во организирање и спроведување обуки за професионален развој на различни теми насочени кон развојот на работната сила и унапредување на целокупната деловна пракса во регионот. 

Во соработка со USAID, од 2020 организираме и обуки за мали и средни претпријатија преку програмата GrowBiz со цел истите да направат бизнис план за развој. Обуките се фокусирани на споделување најдобри практики на теми како што се:

  • СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ

  • ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ

  • ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ и БРЕНДИРАЊЕ

  • ЗАДОВОЛСТВО НА КЛИЕНТИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ

  • ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ